1706 Лил – Лион (17.15 часот)
Во минатото коло Лион победи, Лил загуби, па затоа сега Лион е пред Лил со два бода предност. Лион нема ниту едно реми по првите пет кола, а со само три примени голови, ја имаат најцврстата одбрана во француската лига. Лил почесто прима голови, а има дадено дури 13 во пет меча, што е просек од речиси три по натпревар, и тоа во минатото коло не постигнаа гол, 13-те гола им беа на само четири средби. Ова се два тима кои учествуваат во Лига Европа и победија во првото коло таму. Последниот лигашки пораз на Лил дома беше во февруари.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.35)
1009 Њукасл – Арсенал (17.30 часот)
Њукасл има дури три нерешени игри во првите пет кола во Премиер лигата, а досега ремизираат преку едно коло, сега е редот да победат или да загубат. Арсенал во претходните три кола имаше по една победа, пораз и реми. Чавките имаат гол-разлика 3-3, Арсенал има 10-2, па ова е дуел на два тима кои тешко примаат голови. Топчиите губеа и не успеваа да постигнат гол на последните три гостувања кај Њукасл во сите натпреварувања. Последните седум дуели на „Сент Џејмс парк“ им биле со 1-2 гола и секогаш имало победник. Последен пат било нерешено во 2011 година.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.95)
1808 Келн – Штутгарт (17.30)
Повратникот во Бундеслигата, Келн, тргна добро со две победи, а потоа освои само еден бод на наредните два меча и бара излез од мини-кризата. Швабите имаат по две победи и порази, дома победуваа, на гости губеа. Келн е тим кој има и дадено и примено повеќе голови од Штутгарт. Келн од 2021 не победил против Штутгарт. Штутгарт е благ фаворит за победа, ќе биде позаморени, пред три дена играа меч од Лига Европа, но го добија тој дуел и се во победнички ритам.
Предлог тип: 1-2 I & 3+ (2.35)
1362 Барселона – Реал Сосиедад (18.30 часот)
Сосиедад во минатото коло дојде до првата победа сезонава, но многу е веројатно налетот да им биде запрен, гостуваат кај тим кој даде 19 гола на шест меча. За Каталонците само победа доаѓа во предвид, а ова им е генерална проба пред дуелот со ПСЖ. Проблем за Барса се повредите на Рафиња, Жоан Гарсија, Гави и Фермин, но се враќаат Јамал и Балде. Сосиедад последниот пат кога успеа да даде гол на гости кај Барса, пред две и пол години, успеа и да победи. Каталонците со победа ќе го преземат врвот на табелата.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.30)
3008 Милан – Наполи (20.45 часот)
Наполи ќе проба да ја задржи својата перфекција откако освои максимални 12 бода во првите четири кола, а Милан ако победи, ќе се изедначи по бројот на бодови со актуелните шампиони. Милан има три победи по ред и има што да каже вечерва во дербито. Наполи во минатата сезона победи на „Сан Сиро“, во 2019 последен пат беше нерешено на нивните дуели во Милано, а во последната деценија ретко кога било со три или повеќе голови.
Предлог тип: ГГ (1.88)