Њукасл и Евертон се закана за прекин на дведецениската бајка на Милер и Баерн

Премиерлигашите Њукасл и Евертон имаат понуди за Томас Милер, легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, за да се пресели во Англија, што би значело и прекин на над дведецинската соработка на фудбалерот и германскиот гигант.

Милер има 32 години, а од десеттата е член на Баерн и тоа е најдолг стаж на активен фудбалер во Топ-5 лигите во Европа.

Цели 22 години легендата на Баварците е член на гиганнтот и освојуваше титули во Бундеслигата, Лигата на шампионите, Германскиот куп, Суперкупот на Германија, Суперкупот на Европа и Светскиот клупски куп што го организира ФИФА.

Сега ја игра последната сезона според договорот што го има со Баерн, па можна е конечна разделба ако прифати една од двете понуди што ги има од Њукасл и од Евертон.

Милер беше и светски првак со Германија на Мундијалот во Бразил и за Елфот има одиграно 110 натпревари со 42 гола, додека дресот на Баерн го носеше на 403 меча и има постигнато 135 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести