Поразот од Ливерпул (2-0), но и елиминацијата од ФА купот од Брајтон се минато за фудбалерите на Њукасл. „Страчките“ со минимални 0-1 славеа на гостувањето кај Вест хем и сега со 47 поени се израмнија со Манчестер сити на петтата позиција во Премиер лигата и само уште повеќе ја вжештија борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Единствениот гол на мечот во Лондон беше дело на Бруно Гимараеш во 63-тата минута.