Њукасл има големи амбиции, со тандемот на Тотенхем планира да атакува на титулата во Премиер лигата идната сезона

Новите сопственици на Њукасл имаат големи амбиции за следната сезона, кога планираат да ја нападнат титулата во Премиер лигата и сакаат нападот да го предводи дуото на Тотенхем.

Англиските медиуми пишуваат дека во летниот преоден рок, главна цел на управата на Њукасл ќе биде тандемот на Тотенхем, Хари Кејн и Хеунг-мин Сон.

Њукасл нема да има проблем да ја плати отштетата што би ја барал Тотенхем бидејќи е најбогат клуб на светот откако беше преземен од Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, кој е под директна надлежност на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

- Оглас -

Најнови вести