31.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Њукасл ја зголеми цената за Исак

Александер Исак е сè подалеку од трансферот на својата кариера. Швеѓанецот на сите можни начини се обиде да го натера Њукасл да го продаде, но не успева.


Причината е што клубот нема најдено соодветна замена. Пропаднаа обидите да се донесат и Уго Екитике и Бењамин Шешко, па раководството решило да постави енормно висока цена за Исак.

Според денешните информации, Њукасл бара 150 милиони евра фиксно, плус одредени бонуси, што Ливерпул одбил да ги плати. Црвените се во потрага по класичен напаѓач, особено по заминувањето на Дарвин Нуњес, но Исак со ваква цена не е реална опција.

Иако шведскиот голгетер одамна ги има договорено сите лични услови, тоа е од мала корист доколку Ливерпул не прифати да ја плати отштетата.

- Оглас -

Најнови вести