1804 Баерн Минхен – Мајнц (15.30 часот)
Баварците уште денеска би можеле да ја прослават титулата во Бундеслигата, а ќе им треба победа над Мајнц, но и Леверкузен да не победи денеска. Баерн кој во просек дава речиси три гола по меч, е блиску до целната линија, и работата им е олеснета што Мајнц пет кола по ред не знае за победа. Мајнц е шести на табелата, но само два бода под него се Дортмунд и Вердер. Баерн сезонава има само два лигашки порази, а едниот им беше токму од Мајнц и сега домашните ќе имаат мотиви да се реваншираат. Во минатата сезона на „Алијанц арена“, Баерн го прегази Мајнц со 8-1.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.20)
1004 Њукасл – Ипсвич (16.00)
Чавките се борат за пласман во Лигата на шампионите и ова треба да биде еден од најчистите кецови денеска во Премиер лигата. После овој меч, ќе стане јасно дека Ипсвич ќе испадне во Чемпионшип, а Њукасл кој е петти, ќе две места напредува на табелата бидејќи Сити и Форест не играат лигашки мечеви викендов. Овие тимови девет години немаат играно меѓусебе на „Сент Џејмс парк“, а во декември во Ипсвич, Њукасл славеше со 4-0.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.88)
1807 Ајнтрахт – Лајпциг (18.30 часот)
Ова е дерби помеѓу третиот и четвртиот во Бундеслигата, двата тима имаат амбиција да се пласираат во Лигата на шампионите, а со нерешено би биле поеднакво (не)задоволни и едните и другите. Ајнтрахт има три бода повеќе, а тие се тим со повеќе и дадени и примени голови во однос на Лајпциг. Тимот од Франкфурт дома ретко игра нерешено, но лани кога ги пречека Црвените бикови беше 2-2. Во првиот дел од сезонава, во декември, Лајпциг го совлада Ајнтрахт со 2-1.
Предлог тип: 1Х & ГГ (1.95)
5614 Јокохама – Ал Наср (21.30 часот)
Букмејкерите можеби го потценуваат јапонскиот тим кој во ова четвртфинале во азиската Лига на шампиони влезе како првопласиран во својата „источна конференција“, додека Ал-Наср беше третопласиран на табелата во западниот, арапски дел од ЛШ. Има три работи кои го прават Ал-Наср голем фаворит: Кристијано Роналдо, овој меч се игра во Џеда, Саудиска Арабија и Ал-Наср ќе ја има поддршката од трибините, и Јокохама е во криза, има серија од седум меча без победа во јапонската лига.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.09)
1323 Барселона – Реал Мадрид (22.00 часот)
Во финалето на Кралскиот куп на Шпанија кое се игра во Севилја, Барселона влегува како благ фаворит затоа што сезонава игра ефикасен фудбал и двапати го растури Реал Мадрид во меѓусебните дуели. Ханси Флик е тренер кој досега во кариерата не загубил финале. За Реал кој воопшто не блеска, овој меч е единствена пореална шанса да освои нешто на домашна сцена, па и кај нив мотивите ќе бидат големи. Двата тима имаат проблеми со повредени играчи. Традицијата вели дека би требало да има барем три гола.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)