Младиот германски репрезентативец Јусуфа Мукоко, кој е еден од најбараните фудбалери на трансфер-пазарот, наместо во Челзи може да заврши во Њукасл.
Договорот на Мукоко со Борусија Дортмунд истекува на крајот од сезоната и тој уште сега може да преговара со заинтересираните екипи, а меѓу нив, фаворит е најбогатиот клуб на светот, Њукасл.
Иако денеска се појави информација дека сопственикот на Челзи, Тод Боли, планира во овој и во летниот преоден рок да потроши огромна сума пари за засилувања и меѓу идните нови играчи што треба да пристигнат на „Стемфорд бриџ“ е Мукоко, Сините најверојатно ќе извисат за младиот напаѓач.
Имено, Њукасл подготвува понуда за Мукоко тешка 150.000 фунти неделна плата, сума која не сакаат да ја издвојат во Челзи.
Управата на Њукасл денеска се огласи и порача дека е заинтересирана за Мукото, но би го реализирала трансферот налето. Управата нема намера да троши пари во зимскиот преоден рок за да биде сигурна дека нема да го прекрши финансискиот ферплеј и налето да може да потроши поголема сума пари за засилувања и посериозно да се вклучи во трката за трофеите во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.
Јусуфа Мукоко сезонава одигра 14 натпревари за првиот тим на Борусија Дортмунд и постигна 6 гола, а беше дел од репрезентацијата на Германија која настапи на Светското првенство во Катар.