22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Њукасл му одговори на Исак по објавата дека сака да раскине поради нарушена доверба

Напаѓачот на Њукасл, Швеѓанецот Александар Исак, преку социјалните мрежи јавно ја објави својата желба да го напушти клубот.

Њукасл пред околу три недели одби богата понуда од 110 милиони фунти од Ливерпул, а Исак оттогаш одбива да игра и не тренира со тимот.

Исак го обвини Њукасл дека ги прекршил ветувањата.

„Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите во Њукасл кои ме поддржуваа по патот. Со оглед на сè што се случува, не се чувствувам дека треба да бидам таму. Долго време молчев додека другите зборуваа. Ова молчење им овозможи на луѓето да ја изнесат својата верзија на настаните, иако знаат дека таа не го одразува она што е кажано и договорено зад затворени врати. Реалноста е дека беа дадени ветувања и клубот го знае мојот став долго време. Кога ветувањата се прекршени и довербата се губи, врската не може да продолжи. Промените ќе бидат во интерес на сите, не само мој“, напиша Исак.

По ова од Њукасл објавија соопштение како одговор.

Тие се разочарани и тврдат дека никој од клубот не му ветил на Швеѓанецот може да го напушти клубот ова лето.

„Сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи, но исто така разбираме дека играчите имаат свои желби и ние ги слушаме. Секогаш мора да ги земеме предвид интересите на Њукасл јунајтед и нашите навивачи кога донесуваме какви било одлуки и јасно ставивме до знаење дека условите за продажба ова лето сè уште не се исполнети. Не очекуваме тие услови да бидат исполнети. Ова е горд фудбалски клуб со богата традиција и ние сме посветени на одржување на семејна атмосфера. Алекс останува дел од нашето семејство и со задоволство ќе го пречекаме кога ќе биде подготвен да им се придружи на своите соиграчи“, се вели во соопштението.

- Оглас -

Најнови вести