Бразилецот Нејмар најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Њукасл, објавија англиските медиуми. Наводно, Бразилецот веќе ги договорил личните услови со Њукасл и останува уште двата тима да се договорат за отштетата.
Нејмар е под договор со ПСЖ до 2025 година, но навивачите и управата на Светците, не се задоволни од игрите на Бразилецот и сакаат тој да си замине по завршување на сезоната. Навивачите на ПСЖ неодамна се појавија пред домот на Нејмар за да го искажат незадоволството од неговите игри и дека не го сакаат повеќе во тимот.
Англиските медиуми тврдат дека Нејмар би можел кариерата да ја продолжи во Њукасл, кој минатата година стана најбогат фудбалски клуб на светот откако беше купен од државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, кој е под директна надлежност на престолонаследникот Мохамед бин Салман.
Сопствениците на Њукасл сметаат дека е време на „Сент Џејмс парк“ да пристигне голема фудбалска ѕвезда и изборот паднал на Нејмар, за кого сметаат дека одлично би се вклопил во тимот.
Нејмар во 2017 година за рекордни 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ и на 173 натпревари постигна 118 гола и има 77 асистенции.