32.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Њукасл не го продава Исак ако не добие понуда од 130 милиони фунти

Њукасл се обидува да му понуди нов договор на шведскиот напаѓач Александер Исак, додека Ливерпул подготвува официјална понуда за нивната ѕвезда.

Од друга страна, Њукасл очекува да добие понуда од 130 милиони фунти од Ливерпул за да се реши да го продаде Исак. Клубот од „Сент Џејмс парк“ е решен да го задржи шведскиот репрезентативец и дури е подготвен да го направи најплатениот играч во историјата на клубот, но засега не е постигнат нов договор. Сегашниот договор на Исак важи до 2028 година.

Наводно, агентот на Исак се сретнал со менаџерот на Њукасл, Еди Хау, во клупската база претходно овој месец. Иако клубот вложува напори да го продолжи договорот, веќе почнале да бараат и алтернатива, испратиле понуда од 80 милиони евра (околу 69 милиони фунти) за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Екитике, која веднаш била одбиена од германскиот клуб.

Во меѓувреме, британските медиуми тврдат дека постои комуникација меѓу Ливерпул и Њукасл во врска со интересот на англискиот шампион за Исак, но од Њукасл потенцираат дека официјална понуда сè уште не е испратена.

Њукасл е решен да го задржи Исак, кој постигна 27 гола во сите натпреварувања минатата сезона, но евентуален трансфер во Ливерпул би бил рекорден за клубот. Засега најскапата аквизиција на Ливерпул ова лето е Флоријан Вирц од Баер Леверкузен за 116 милиони фунти, но евентуалниот трансфер на Исак би ја надминал таа сума значително.

- Оглас -

Најнови вести