24.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Њукасл не му дозволува на Александер Исак да тренира со тимот

Напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, сè уште нема добиено дозвола да се приклучи на тимските тренинзи, пренесуваат британските медиуми. Швеѓанецот ја пропушти претсезонската турнеја во Азија поради гласините за потенцијален трансфер во Ливерпул.

Иако се врати во Њукасл откако тимот се врати од турнејата, менаџерот Еди Хау му наложил да тренира одделно од останатите фудбалери. Во меѓувреме, клубот поставил јасен ултиматум – или Исак ќе го продолжи договорот, или ќе мора да си замине од „Сент Џејмс Парк“.

Се шпекулира дека Александер Исак има желба да се пресели на „Енфилд“, но првата понуда на Ливерпул била одбиена од Њукасл.

Исак пристигна во англискиот клуб во август 2022 година. Во сезоната 2024/25 тој одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна 27 голови и забележа шест асистенции.

- Оглас -

Најнови вести