Њукасл не се плаши од Ѓаволи (Видео)

Њукасл стигна до 17-тата победа оваа сезона во Премиер лигата откако на домашен терен го совлада Манчестер јунајтед со 4-1. Со овој триумф тимот се искачи на четвртата позиција со 56 бода и направи голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Сандро Тонали во 24-тата минута донесе водство за Њукасл, а израмни Алехандро Гарначо во 37-та минута.

На почетокот на вториот дел блесна Харви Барнс и со два гола го скрши отпорот на Црвените ѓаволи. Тој погоди во 49-та и во 64-та минута, а точка на триумфот стави Бруно Гимараеш со погодокот во 77-та минута.

Ова беше 14-ти пораз за Манчестер јунајтед во Премиер лигата оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести