35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Њукасл нема намера да го продаде Александер Исак под 170 милиони евра

Саудискиот клуб Ал-Хилал понуди 35 милиони евра годишно на шведскиот напаѓач Александар Исак, но напаѓачот на Њукасл, според англиските медиуми, сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул. Освен основната плата, Ал-Хилал нуди и бонуси од околу 16 милиони евра годишно.

Сепак, Исак наводно е фокусиран единствено на трансфер во „Енфилд“.

Њукасл, сепак, нема намера да го пушти за сума помала од 170 милиони евра, што би претставувало рекорд на англискиот трансфер пазар.

Исак е дел од тимот од 2022 година, кога пристигна од Реал Сосиедад за 70 милиони евра. Претходно играше за АИК, Борусија Дортмунд и Вилем Втори, а за шведската репрезентација има 52 настапи и 16 голови.

- Оглас -

Најнови вести