Њукасл и по вторпат го победи Саутхемптон на реваншот со 2-1 и се пласира во финалето на Лига купот на Англија.
Ривал на Чавките на „Вембли“ во Лондон, во битката за трофејот би требало да им биде Манчестер јунајтед, кој утре дома треба да го потврди пласманот во финалето, откако првиот меч против Нотингам форест го доби со 3-0.
Шон Лонгстаф беше човекот на одлука вечерва и тој е најзаслужен што Њукасл ќе игра прво финале по 1999 година.
Единствена лоша работа за Њукасл е што директен црвен картон доби Бруно Гимараиш, па Бразилецот ќе пропушти три меча во Премиер лигата.
Sean Longstaff scores a brace after a beautiful play! #NEWSOU
pic.twitter.com/24RcxMss1W— Reyi (@Reinaldodcg9) January 31, 2023