Њукасл плаќа 64 милиони евра за фудбалерот кој ја имаше сезоната на кариерата

Ентони Еланга беше еден од фудбалерите кои ја одбележаа минатата сезона во Премиер лигата. Шведскиот репрезентативец одигра одлична сезона во дресот на Нотингем форест, тим кој се избори за настап во Конференциската лига на УЕФА.

Офанзивецот Еланга во минатата сезона имаше биланс од шест голови и 11 асистенции. Тој беше трет најдобар асистент во лигата, зад Мохамед Салах (18 асистенции) и Јакоб Марфи кој имаше 12 асистенции за гол.

Освен добрата прегледност на теренот, брзината е важна карактеристика во играта на Еланга кој пред да дојде во Нотингем форест, играше за Манчестер јунајтед, но не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“.

Сега се очекува Њукасл да плати дури 64 милиони евра за да го доведе на „Сент Џејмс парк“.

- Оглас -

Најнови вести