Њукасл почна по принципот „дајте што било“, ќе го купува подзаборавениот играч на Барса

Њукасл има многу пари, но и проблем бидејќи не успева да ги привлече големите ѕвезди во клубот, па почна да нуди по принципот „дајте што било“.

Црно-белите ќе бидат меѓу најактивните екипи во зимскиот преоден рок бидејќи тимот што се бори за опстанок во Премиер лигата, треба да се засили.

Англиските медиуми најавуваат дека Њукасл е заинтересиран за подзаборавениот играч на Барселона, Самуел Умтити, кој кај Каталонците дојде како големо засилување во 2016 година и има годишна плата од 13 милиони евра.

Во последните три сезони Умтити има мала минутажа, а во овој циклус одигра само еден меч за Каталонците, кои сакаат да се ослободат од него и, пред сè, од големата плата што ја има.

Њукасл нема проблеми со пари откако богатите Саудијци преку Јавниот инвестициски фонд, ПИФ, го купија клубот, па реално е Умтити веќе во јануарскиот преоден рок да се пресели на „Сент Џејмс парк“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести