Челниците на Њукасл одлучија за следната сезона да воведат трибина за стоење, на која ќе може да се собираат најверните навивачи на клубот.
Управата на клубот најави дека на околу 1.800 свои навивачи ќе им овозможи натпреварите на стадионот „Сент Џејмс Парк“ да ги следат стоејќи. Њукасл ќе одреди сектор од трибините и за гостинските навивачи, кои исто така ќе можат стоејќи да ги следат натпреварите.
Англиската влада на чело со поранешната премиерка Маргарет Тачер по трагедијата на стадионот „Хилсборо“ во 1989 година, кога загинаа 97-мина навивачи на Ливерпул, донесе одлука да нема трибини за стоење.
УЕФА во 1992 година, по трагедијата на стадионот „Фуријани“ во Бастија, одлучи на сите стадиони во Европа 100 отсто од капацитетот да биде со столчиња, но минатата година дозволи англиски, германски и француски екипи да можат да експериментираат со трибини за стоење.