Англискиот репрезентативец Калвин Филипс во зимскиот преоден рок би можело да го напушти Манчестер сити и да се пресели во Њукасл. Според англиските медиуми, Њукасл е најконкретен во преговорите со фудбалерот, за кого сериозен интерес пројавува и Вест хем.
Идејата на Њукасл е Филипс во јануари идната година да пристигне на „Сент Џејмс парк“ на шестмесечна позајмица, по што идното лето би бил откупен неговиот договор.
Фудбалерот не е задоволен од минутажата што ја добива од менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола, и бидејќи сака да биде дел од англиската репрезентација на Европското првенство кое идната година ќе се игра во Германија, инсистира вториот дел од сезоната да го помине во друг тим, и тоа најверојатно ќе биде Њукасл.