Њукасл поведе, па доживеа домашен дебакл од Нотингам форест (Видео)

Фудбалерите на Нотингам форест дојдоа до неочекувани, но и значајни бодови во борбата за опстанок, откако со 1-3 го совладаа Њукасл на гости. Домашната екипа дојде до водство од 1-0 во 23-тата минута преку Александер Исак од пенал.

До крајот на првото полувреме Нотингам израмни преку Вуд во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Истиот фудбалер во второто полувреме постигна уште два погодоци и сам го победи Њукасл.

За Нотингам форест ова е прва победа по пауза од седум натпревари, во кои забележаа шест порази и едно реми. Од друга страна, Њукасл со непланираното расфрлање бодови е сè подалеку од пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести