28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Њукасл праќа понуди на сите страни, не успеа со Дони, сега го очекува одговорот од Карлос

Богатите сопственици на Њукасл праќаат понуди за засилувања како на филмска лента, а откако не успеаjа да издејствуваат позајмица со Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед, сега имаат нова цел и адреса во Севилја.

Саудијците кои го презедоа клубот од Мајк Ешли минатото лето и го купија за 300 милиони фунти сега се обидуваат да го ангажираат одличниот дефанзивец на Севилја, Диего Карлос.

Бразилецот игра за Севилја од 2019 година, и тоа одлично во континуитет, што му донесе и настап за националниот тим на Олимпијадата во Токио минатата година.

Карлос се закити со златниот медал по победата против Шпанија со 2:1 во финалето.

За одличниот дефанзивец заинтересирани се уште неколку големи европски клубови, а сега зависи од него и од Севилја дали ќе ја прифатат понудата на Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести