Манчестер сити е четвртиот четвртфиналист во англискиот ФА куп, откако славеше со 1-3 на гостувањето кај Њукасл. „Граѓаните“ многу рано, уште во 18-тата минута беа во негатива, откако Њукасл поведе со голот на Барнс.
Сепак, Савиљо погоди во 39-тата минута и не дозволи Манчестер сити да оди со негатива на паузата.
Триумфот за избраниците на Пеп Гвардиола го обезбеди Омар Мармуш со два гола гола во второто полувреме, во 47-мата и во 65-тата минута.
Со тоа Манчестер сити им се придружи на Ливерпул, Арсенал и Челзи во четвртфиналето од англискиот ФА куп.

