Фудбалерите на Ливерпул и втор натпревар по ред испуштија предност од два гола разлика, но повторно како и на претходниот натпревар против Борнмут успеаја да победат.
Гравенберх во 35-тата минута ги донесе Црвените во водство од 0-1, а Гордон во третата минута од продолжението на првото полувреме беше исклучен, па Њукасл остана со фудбалер помалку на теренот.
Уго Екитике во 22-рата секунда од второто полувреме донесе предност од 0-2 за Ливерпул, а кога сите мислеа дека шампионот на Англија е пред лесна победа, следуваше комплетно враќање на Њукасл.
Бруно Гимараиш во 57-мата минута намали на 1-2, а Вилијам Осула во 88-мата минута донесе израмнување на 2-2 откако одбраната на Ливерпул се глупираше и постави неуспешна офсајд замка речиси на центарот од теренот.
Сепак, истото сценарио како против Борнмут се случи и на „Сент Џејмс парк“. Шеснаесетгодишниот Рио Нгумоха е херојот на Ливерпул кој во стотатата минута донесе голема победа од 2-3 на гостувањето кај Њукасл.