Њукасл со спорен гол го победи Арсенал и му го нанесе првиот пораз во Премиер лигата (Видео+Фото)

Екипата на Њукасл му го нанесе првиот пораз на Арсенал оваа сезона во Премиер лигата, откако на “Ст. Џејмс парк“ го совлада со минимални 1-0.

Единствениот погодок беше дело на Ентони Гордон во 64-тата минута од мечот.

Голот на Гордон предизвика големи полемики на социјалните мрежи уште додека мечот се играше. ВАР го прегледуваше голот и одлучи дека се е регуларно, но според навивачите на Арсенал, погодокот на Гордон требало да биде поништен, бидејќи најпрво топката излегла во аут кој не е досуден, а потоа и самиот погодок е постигнат од недозволена офсајд позиција.

- Оглас -

Најнови вести