Најбогатиот клуб во Премиер лигата, Њукасл, во следната сезона планира сериозно да се замеша во битката за титулата и поради тоа ќе биде активен на трансфер-пазарот и веќе се наоѓа пред потпис со италијански репрезентативец.
„Атлетик“ пишува дека синоќа Њукасл и Милан се договорија за трансферот на Сандро Тонали, но и дека Челзи во последен момент планира да се вклучи во трката по потписот со италијанскиот репрезентативец.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1671625940772724744?s=20
Њукасл се согласил да плати околу 75 милиони евра отштета со бонуси. Новинарот Фабрицио Романо пак објави дека Тонали ќе потпише шестгодишен договор, според кој ќе има плата од осум милиони евра по сезона, плус два милиони во бонуси, што е двојно повеќе од тоа што го заработуваше во Милан.
Њукасл може експресно во Премиер лигата да го врати и Рубен Невеш. Англиските медиуми пишуваат дека Невеш, кој потпиша за саудискиот Ал-Хилал, следната сезона може да игра на позајмица во Њукасл.