Њукасл убедлив против Ипсвич, Брајтон со луд пресврт триумфираше против Вест хем (Видео)

Њукасл со Еди Хау на клупата им се врати на победите во Премиерлигата. Чавките обезбедија лесни три бода против Ипсвич, славејќи со 3-0. Првиот гол го постигна Александер Исак од пенал во првото полувреме, додека конечниот резултат го поставија Дан Брн и Киран Трипие во вториот дел. Со овој пораз Ипсвич и дефинитивно испадна од Премиерлигата.

Брајтон и Вест Хем одиграа драматичен натпревар кој заврши со неверојатен пресврт на домаќините. Ајари го донесе водството за Брајтон, но Кудус израмни за гостите на стартот од второто полувреме.

Вест хем првпат поведе со голот на Боуен во 83-та минута, но Јошида израмни во 88-та минута. Кога ремито изгледаше неизбежно, Карлос Балеба со фантастичен гол ја донесе победата на Брајтон со 3-2.

Вулверхемптон запиша убедлива победа против веќе испаднатиот Лестер, славејќи со 3-0. Стрелци за Волците беа Куња, Странд Ларсен и Гомез.

Саутемптон беше блиску до изненадување против Фулам, но на крај загуби со 1-2 пред својата публика. Стивенс го донесе водството за домаќините, но Стив Роу израмни за Фулам, а во судиското надополнување Сесењон им донесе три бода на гостите.

- Оглас -

Најнови вести