20.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Њукасл во јануари сака да го купи Сорлот

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александер Сорлот, се наоѓа на врвот на листата на желби за нови засилувања на Њукасл. Англискиот клуб бара нова „деветка“ за зимскиот трансфер-прозорец, играч кој ќе ја пополни празнината оставена од Александер Исак по неговиот трансфер во Ливерпул на последниот ден од летниот прозорец.

Двајца емисари на Њукасл присуствувале на ВИП трибините на „Метрополитано“ за време на мечот Атлетико – Реал Мадрид, заедно со други агенти и претставници. Сепак, нивната мисија била јасна, да се процени можноста Сорлот да го засили англискиот премиерлигаш.

Профилот на Сорлот одлично одговара на стилот на Премиер лига. Бележниците на скаутите биле полни со позитивни оценки, особено по неговиот одличен настап, при победата против вечниот ривал Реал Мадрид.

Понудата на Њукасл треба да го задоволи Атлетико Мадрид, кој минатото лето плати 32 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси, а Виљареал задржа и 20% од идниот трансфер на Сорлот. Норвешкиот напаѓач има договор до 2028 година и плата од околу 3 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести