Њукасл за првпат после 100 години врза три победи по ред против Манчестер јунатед (Видео)

Њукасл го победи Манчестер јунајтед со 1-0 во последниот денешен меч од Премиер лигата, што за Чавките е трета победа по ред во дуелите со Црвените ѓаволи во сите натпреварувања, нивна најдолга триумфална серија против Манчестер во последните 101 години.

Голот го даде Ентони Гордон, кој на четири домашни лигашки мечеви по ред тресе мрежа. Пред него, последен Англичанец кој го направил тоа во дресот на Њукасл бил Алан Ширер во 1999 година.

Лоша вест за Њукасл е повредата на голманот Ник Поуп кој го повреди левото рамо и мораше да излезе. Домашните можеа да имаат и друг проблем, ако Фабијан Шер добиеше црвен картон за газење на Бруно Фернандеш.

Шер го нагази Бруно во средината на второто полувреме и се чини дека требаше да има реакција од ВАР и фудбалерот на Њукасл да добие црвен картон, а вака мина и без жолт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести