Енис Барди и Трабзонспор претрпеа елиминација во плејофот од Лигата на шампионите по вечерашното реми без голови против Копенхаген, кое не му одговараше на турскиот првак. Победата на Данците со 2-1 од првиот меч беше доволна за пласман во групната фаза, додека Барди и Трабзон се тешат со пласман во Лигата на Европа.
Македонскиот репрезентативец беше меѓу стартерите во составот на Абдула Авчи, но не успеа да ја пренесе голгетерската енерија која ја покажа претходно викендов против Анталија. Барди го одигра цел меч, а Копенхаген успеа да го одбрани резултатот.
Пласман во групната фаза во ЛШ обезбеди и Ренџерс, и тоа по 11 години пауза за шкотскиот гигант. Со единствениот гол на Чолак во реваншот против ПСВ Ајндховен, гостите од Глазгов славеа со вкупни 3-2 за резервирање место меѓу европската елита по повеќе од една деценија.
Во меѓувреме, на „Максимир“ ќе се играат продолженија откако Динамо и Бодо одиграа 2-1 по 90 минути, односно вкупен резултат од 2-2 во овој двомеч во кој се чека последниот патник во ЛШ.