27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Нуно Еспирито Санто: Имаме огромен проблем, а стартува Премиер лигата

Менаџерот на Нотингам форест, Нуно Еспирито Санто, изјави дека неговиот тим не е подготвен за стартот на сезоната во Премиер лигата. Во недела Форест ќе го пречека Брентфорд во натпревар од првиот круг на првенството.


Тимот имаше фантастична мината сезона и обезбеди учество во европските натпреварувања, но клубот задоцни со селекцијата и во моментов преговара за ангажирање на четворица играчи.

„Многу сме далеку – многу, многу далеку од местото каде што треба да бидеме. Многу сме далеку по однос на подготовката, планирањето и составот. Затоа сме многу загрижени што за два-три дена имаме натпревар од Премиер лигата во најпрестижното првенство во светот, а ние сме многу далеку. Многу, многу далеку“, искрено призна Нуно Еспирито Санто за моменталната состојба на тимот.

„Плановите што ги имавме не се остварија. Подготовките не беа идеални. Немавме можност да создадеме поврзаност помеѓу играчите, што е важно затоа што не знаеме со кои играчи ќе располагаме. Имаме играчи кои знаат дека ќе заминат на позајмица. Имаме огромен проблем“, додаде тој.

- Оглас -

Најнови вести