Нури Шахин е фаворит за нов тренер на Борусија Дортмунд

Поранешниот турски репрезентативец кој 11 сезони има играно за Борусија Дортмунд, Нури Шахин, е фаворит за преземањето на тренерското место во Борусија.

Шахин, кој има 35 години, во претходните шест месеци му беше асистент на Един Терзиќ, кој денеска официјално ја напушти функцијата главен тренер.

Како главен тренер, Шахин работеше во Анталијаспор од 2021 до 2023 година. Како фудбалер, тој играше за клубот од Дортмунд од 2005 до 2011 година и од 2013 до 2018 година. Беше член и на Реал Мадрид, но не се задржа долго во дресот на Кралскиот клуб.

Нури бил фаворит на раководството кое сака да ја продолжи низата на ангажирање „домашни“ тренери силно поврзани со клубот.

- Оглас -

Најнови вести