Нурмагомедов: Не е лесно кога ќе се одбијат 40 милиони долари за една борба, но не е сѐ во парите

Хабиб Нурмагомедов ќе биде запамтен како еден од најдобрите фајтери во историјата. Челичниот Дагестанец имаше 30 борби во рингот и на сите победи. Иако беше незадржлив, Нурмагомедов реши дека е време да каже збогум од активниот спорт и се повлече.

Многумина очекуваа дека големиот шампион повторно ќе се врати во рингот, а и самиот Хабиб потврдува дека добивал многу понуди, но нема шанси да се предомисли за ниту едни пари во светот.

„Не е лесно кога ќе одбиете 20, 30, 40 милиони долари само за уште една нова борба, но за мене не е сѐ во парите. Тоа за мене не е најважна работа во животот. Ако веќе сум одлучил дека сум завршил со борбите и да си заминам, тоа значи дека таа приказна навистина е готова. Среќен сум и никогаш не зажалив за таа одлука“, вели Нурмагомедов.

- Оглас -

Најнови вести