Нурмагомедов загуби од Бразилец (Видео)

Саид Нурмагомедов, роднина на прославениот борец Хабиб Нурмагомедов, загуби на УФЦ турнирот во Бусан од Бразилецот Раони Барцелос. Судиите немаа многу дилема и беа едногласни дека Бразилецот беше подобар борец. Едниот арбитар ги даде сите три рунди во корист на Раони, а другите двајца досудија дека било 2:1 во добиени рунди, во корист на победникот.

Со оваа победа, Раони ја продолжи одличната низа на победи. Сега тој има осум триумфи по ред, а вкупно во кариерата е со 15 победи и само еден пораз. Саид го претрпе вториот пораз, а остана на 13 порази, што значи дека е далеку од неговиот прославен роднина Хабиб кој е шампион без ниту еден пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести