Нуров се пласира во финале, обезбеди минимум сребро за Македонија на Медитеранските игри!

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров славеше во полуфиналето против Египќанецот Мостафа Елдерс со 6-1 и се пласира во утрешното финале во својата категорија на Медитеранските игри во Алжир.

Ова е прв медал за Македонија, а утре ќе се знае дали ќе биде злато или сребро. Финалето ќе се одржи утре (28 јуни), со почеток во 20.30 часот по македонско време, а ривал на Муров е Фејзула Актурк од Турција.

- Оглас -

Најнови вести