1.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

О’Нил раскажува како потрошил милион долари за само 45 минути

Легендарниот НБА центар Шекил О’Нил повторно ја насмеа јавноста потсетувајќи се на една од најпознатите анегдоти од неговата младост, откривајќи како ги потрошил своите први милион долари пред дури и да дебитира за Орландо Меџик.

Со своите 215 сантиметри, со со голема физичка сила, О’Нил беше еден од најдоминантните центри во историјата на кошарката. Тој раскажа како за помалку од еден час ја изгубил целата сума што му ја исплатила компанија за картички за тргување. Во тоа време имал само 20 години.

Откако бил избран како прв избор на НБА драфтот во 1992 година од Орландо Меџик, О’Нил го добил својот прв голем чек, милион долари за користење на неговиот лик на спортски картички.

За млад човек кој пораснал скромно, под воената дисциплина на својот очув, таа бројка звучела како бесконечно богатство. Неговиот сон од детството бил јасен, црн Мерцедес-Бенц. Штом ги добил парите, отишол во салонот и го купил автомобилот од своите соништа. Но, тоа не бил крајот.

Кога се вратил дома, неговиот очув го погледнал новиот Мерцедес и рекол: „Одлично, но каде е мојот?“ Шек се свртел и се вратил во салонот за да купи уште еден. Потоа и неговата мајка побарала автомобил за себе. После тоа дојдоа луксузни часовници, одела, накит и подароци за пријателите.

„Потрошив милион долари за околу 45 минути“, се сеќава Шак со смеа. „Следниот ден, банката ми се јави и ми рече: „Сине, ќе банкротираш ако продолжиш вака“.

Шекил всушност „паднал“ финансиски пред да игра професионално. Но, таа лекција била пресвртница. Подоцна освоил четири титули во НБА, три со Лејкерси и една со Мајами, бил MVP, влегол во Куќата на славните и научил како да стане вистински бизнисмен.

Денес, тој е аналитичар, претприемач, инвеститор, диџеј Дизел и лице на бројни компании. Неговата бизнис империја вреди стотици милиони.

- Оглас -

Најнови вести