O’Нил: Сега би давал по 50 поени на меч

Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил реши дека е време малку да ги искритикува сегашните играчи во најсилната лига во светот. Еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА, вели дека сегашниот начин на игра е многу поразличен од порано и дека тоа би му овозможило да биде многу поефикасен, ако се најде на теренот.

„Денеска да играм во НБА лигата, на секој меч ќе давам по 50 поени, без да се сметаат слободните фрлања. Играчите сега не играат физички, туку само знаат да плачат и да се жалат“, вели О’ Нил, кој во својата кариера освои вкупно четири титули во НБА.

Шекил три пати беше првак со Лос Анџелес лејкерс, а еднаш го крена трофејот со Мајами хит. Тој се чуди како сегашните центри не сакаат да играат под кош. Некои дури и се извлекуваат зад линијата за три поени и шутираат.

„Не би требало да шутираат тројки. Големите момци не го прават тоа на теренот, бидејќи играат под кош“, објаснува легендарниот О’Нил.

 

- Оглас -

Најнови вести