О’Саливен бил на проба во фудбалски великан, но брзо побегнал и му се вратил на снукерот

Најдобриот снукер играч во историјата, Рони О’Саливен, во својата младост имал неуспешен обид да стане фудбалер. Како што вели тој, започнал да тренира со Тотенхем и тоа со врски, откако неговиот татко, кој е поранешен фудбалер, преку пријатели му договорил тренинг.

– “Играв различни спортови како тенис, голф и фудбал. Мојот татко беше фудбалер и ми рече: ‘да му се јавам на овој човек, сега работи во Тотенхем, ќе ти среди да тренираш таму’. Сепак, не бев доволно добар. Бев само на еден тренинг. Беше тоа застрашувачки за мене. Бев единственото дебелко дете таму и веднаш се вратив во салата за снукер.“ – вели О’Саливен за својата неуспешна фудбалска кариера.

Се чини дека славниот англичанец направил вистински избор, бидејќи со текот на времето стана најдобриот снукер играч во историјата на овој спорт со 22 титули од големите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести