О‘Саливен и Трамп ќе играат во финалето на Светското првенство во снукер

Англичаните Рони О‘Саливен и Џад Трамп, утре и задутре во финалето ќе се борат за светската титула во снукер.

Легендата О‘Саливен има шанса по седми пат да стане светски првак, и со тоа да го изедначи рекордот на Стивен Хендри, и веројатно Ракетата така ќе потврди дека не е само најпопуларен, туку и најдобар во историјата на овој спорт во кој држи многу рекорди. Рони во полуфиналето беше подобар од неговиот врсник и стар ривал Џон Хигинс.

Трамп еднаш бил светски првак, а имаше пеколно тешко полуфинале со Марк Вилијамс во кое губеше со 15-16, но ги доби последните два фрејма и триумфираше со 17-16.

- Оглас -

Најнови вести