О‘Саливен и Трамп се фаворити за пласман во финалето на СП во снукер

Денеска стартуваат полуфиналните битки на Светското првенство во снукер. Според квотите во Sport Life, фаворити се седумкратниот светски првак Рони О‘Саливен и акктуелниот број 1 на ранг-листата и рекордер по број на троцифрени брејкови во една сезона, Џад Трамп.

Легендата О‘Саливен се изнаигра против Кинези на ова СП, а полуфинална пречка му е Џао Синтонг кој верува дека може да стане прв играч од Аазија кој бил светски првак во снукер. О‘Саливен оди по рекордната осма титула и искуството е неговата предност во однос на Џао.

Кај другиот полуфинален пар во кој играат поранешни светски прваци, Трамп е фаворит поради подобрата форма од ветеранот од Велс, Марк Вилијамс.

Полуфиналето се игра во 17 добиени фрејмови и битките ќе траат два дена, утревечер ќе се знае кои двајца играчи ќе се најдат во финалето.

- Оглас -

Најнови вести