Масовна тепачка поради погрешно изведување на топката од центар (Видео)

На мечот од младинското првенство на Русија, меѓу Ахмат од Грозни и Локомотив Москва, се случи масовна тепачка меѓу двете екипи. Гостите победија убедливо со 5:1, а пред крајот на средбата, се случи тежок инцидент и тоа поради банална ситуација.

Домаќините требаше да изведат од центар по примениот гол, судијата на еден од играчите на Ахмат му додели втор жолт картон поради неправилно изведување, а потоа и намерно шутирање на топката. Нервозниот играч кој доби црвен картон, наместо да го напушти теренот, го турна судијата.

Тогаш се вмешаа гостинските фудбалери на Локомотив и се случи општ хаос и тепачка меѓу играчите на двата тима. Во тепачката повредени се двајца играчи на Локомотив, а тројца фудбалери на Ахмат заработија суспензија.

 

- Оглас -

Најнови вести