Пјер-Емерик Обамејанг доживеал шокантна кражба во својот дом во Кастелдефелс во околината на Барселона, а шпанските медиуми објавија дека бил и претепан од група од четворица криминалци.
Целта била да се изврши кражба, а се претпоставува дека фудбалерот на Барселона се обидел да им се спротивстави на криминалците и добил ќотек.
Потоа и на Обамејанг и на неговата сопруга, четворицата крадци им се заканувале со огнено оружје дека ќе ги убијат ако ја пријават кражбата во полиција.
Pierre-Emerick Aubameyang was the victim of a violent robbery last night.
Several hooded men broke into his home and robbed him, beat him and threatened him and his wife with a firearm. (El Pais)
Truly awful, thoughts are with the family. ❤️ pic.twitter.com/nTdp7ycNQB
— SPORTbible (@sportbible) August 29, 2022
Засега не е објавено за какви повреди се работи кај Обамејанг, но се знае дека не се опасни по живот.
Фудбалерот на Барселона е на прагот на трансфер летово и има понуди од Челзи и Манчестер јунајтед да се врати во Англија, а инцидентот само ќе го забрза неговото заминување од Шпанија.