Пјер-Емерик Обамејанг првпат беше стартер во дресот на Барселона во меч од Примера дивисион и блесна. Напаѓачот кој дојде од Арсенал, одигра фантастичен меч во победата на Барселона од 4:1 на гости кај Валенсија.
Обамејанг даде два гола во првото полувреме и со погодокот на Де Јонг, донесоа предност од 3:0 за гостите. Во второто полувреме, Педри со прекрасен шут го матираше голманот на Валенсија, а интересно е дека по завршувањето на мечот, беше преправен стрелецот на тој погодок.
По шутот на Педри, топката го закачи Обамејанг, па беше одлучено дека всушност Обамејанг е стрелец и на тој погодок и со тоа постигнал хет-трик. Со овој хет-трик, Обамејанг стана првиот фудбалер во 21 век што може да се пофали дека има постигнато барем по еден хет-трик во француското првенство, во Бундеслигата, англиската Премиер лига и Ла Лига во Шпанија.
🇫🇷 🙂 ↗️ 🙃 ↘️ 🙂 🎩
🇩🇪 🙂 ↗️ 🙃 ↘️ 🙂 🎩🎩🎩
🏴 🙂 ↗️ 🙃 ↘️ 🙂 🎩
🇪🇸 🙂 ↗️ 🙃 ↘️ 🙂 🎩Pierre-Emerick Aubameyang is the first player in the 21st century to score a hat-trick in Ligue 1, the Bundesliga, the Premier League and LaLiga. pic.twitter.com/biAFMa1iTZ
— Squawka Football (@Squawka) February 20, 2022