3.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Обамејанг донесе радост на „Велодром“ и го урна Лион

Во тензично дерби од 24-то коло на Лига 1, Олимпик Марсеј славеше со 3-2 над Лион на „Велодром“.

Мечот започна со рано водство за Лион во третата минута, кога Корентин Толисо искористи грешка во одбраната на домаќините и го отвори резултатот. Марсеј брзо се обиде да возврати преку Мејсон Гринвуд, но Лион имаше контрола и создаде нови шанси преку Ендрик и Роман Јаремчук.

Марсеј израмни во 52-та минута со гол на Игор Паишао, но потоа Реми Имбер повторно ја врати предноста за гостите.

Финалниот удар на мечот го постави Пјер-Емерик Обамејанг. Прво во 81-та минута со прецизно додавање од Паишао израмни на 2-2, а потоа во 91-та минута по асистенција на Итан Енванери го постигна победничкиот трет гол за конечни 3-2.

Со овој триумф, Марсеј останува во трката за европските позиции, додека Лион запиша втор пораз по серијата од 13 последовни победи.

- Оглас -

Најнови вести