Обамејанг го бомбардира голот на Лидс (Видео)

Арсенал славеше со 4-2 против Лидс во меч кој мина во знакот на Пјер-Емерик Обамејанг. Напаѓачот на Топчиите за првпат во неговата премиерлигашка кариера направи хет-трик. Оба стана третиот играч (заедно со Мет Ле Тисие и Мајкл Овен) во историјата на Премиер лигата кој дал три гола на Свети Валентин (14-ти февруари) и трети поединец во последните 11 сезони кој направил хет-трик во три од петте најсилни лиги во Европа (други двајца се Саломон Калу и Алексис Санчес).

Обамејанг дојде и до јубилет од 200 гола во Топ 5 лигите.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски беше стартер кај Лидс, а беше повлечен од игра во 53-тата минута при 4-0 за Арсенал. Во 58-мата и во 69-тата минута Лидс даде два гола со кои го ублажи поразот кој се закануваше да биде дебакл. Лидс по четврти пат сезонава прими три гола во прво полувреме, минимум двојно повеќе од кој било друг тим во Премер лигата.

- Оглас -

Најнови вести