Обамејанг го отпиша Ал-Наср од трката за титулата во Саудиска Арабија (Видео)

Ал-Кадсија го победи Ал-Наср со 2-1 по што се чини дека тимот за кој игра суперѕвездата Кристијано Роналдо, може да се прости од освојување на титулата бидејќи на шест кола до крај имаат осум бодови помалку од лидерот Ал-Итихад.

Стрелец на голот за победа на Ал-Кадсија беше Пјер-Емерик Обамејанг, и тоа во 87-ма минута, само три минути откако Садио Мане даде гол за 1-1. Капитен на Ал-Кадсија е Шпанецот Начо, кој е поранешен соиграч на Роналдо од Реал. Начо и одбраната ја завршија работата, Роналдо не даде гол, и тоа беше кобно за Ал-Наср.

Ал-Наср ги загуби последните три лигашки натпревари на кои Португалецот и најдобар стрелец во историјата на фудбалот, не постигна гол.

Ова е голот на Обамејанг кој го растажи Роналдо и другарите:

- Оглас -

Најнови вести