31.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Обамејанг го отвори контото со голови на „Ел Класико“, Барселона го зададе првиот удар (Видео)

Пјер-Емерик Обамејанг го постигна својот деби гол на „Ел Класико“ и погоди со удар со глава во 29. минута, а Барселона веќе води со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“ во големото шпанско дерби против Реал Мадрид.

Асистенцијата и центарушутот на Усман Демебеле умшено ја искористи популарниот Ауба и го постигна осмиот гол на 11-от меч што го игра во дресот на Барселона.

Погодокот на Обамејанг во 29. минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Веднаш потоа мрежата на Куртоа ја погоди и Араухо и Барселона веќе има предност од два гола на „Сантијаго Бернабеу“ во финишот на првото полувреме.

И претходно Обамејанг имаше зицер, но не погоди, а дербито е одлично со шанси на двете страни.

- Оглас -

Најнови вести