Пјер-Емерик Обамејанг и неговото семејство не ги живеат најубавите денови. Фудбалерот на Барселона, којшто е на излезни врати од клубот, пред неколку дена беше претепан и ограбен од страна на криминална група, за која подоцна се покажа дека е од Косово.
Но, се чини дека им нема крај на проблемите на Габонецот бидејќи сега тој ќе мора да паузира најмалку еден месец.
Причината за такво нешто е бидејќи поради здобиените повреди, тој има скршена вилица и ќе мора да одмора по лекарската интервенција.
Обамејанг дојде во јануари како слободен играч откако претходно го раскина договорот со Арсенал, но сега ниту во Барселона не сметаат на неговите услуги.