Атлетико Мадрид беше сериозно заинтересиран за ангажирање на Пјер-Емерик Обамејанг, но правилата на ФИФА не го дозволуваат тој трансфер.
ФИФА на еден играч му дозволува да игра официјални мечеви најмногу за два клуба во една сезона, а габонскиот напаѓач веќе играше за два клуба, Барселона и Челзи. За Барса одигра осум минути и тие осум минути го кочат да оди на некое трето место.
Обамејанг не е среќен со својата улога во Челзи, но правилата велат дека ако си оди од таму во јануари, до крајот на сезонава ќе има право за настап само за Барселона. Доколку Мемфис Депај си замине од Барселона, тогаш можно е Оба да се врати во каталонскиот клуб како прва замена за Роберт Левандовски.