Обамејанг ја прележа маларијата, се почести и со гол против Њукасл

Арсенал рутински го победи Њукасл со 2:0 на „Сент Џејмс парк“ и си направи добра увертира за реванш полуфиналето во Лига Европа против Вилјареал што ќе го игра во Лондон во четврток.

Одлична вест за Топчиите е што капитенот Пјер-Емерик Обамејанг сега е потполно здрав, откако прележа маларија. Габонецот играше против Вилјареал на првиот полуфинален дуел, но настапи само шест минути во финишот, што му беше прв натпревар по подолг период.

Обамејанг денеска го постигна го постигна вториот погодок на мечот со Њукасл, а беше прецизен во 66. минута.

Претходно Мохамед Елнени беше прецизен во шесттата минута и го постигна својот прв погодок сезонава во Премиерлигата.

Њукасл, кој се бори за опстанок во англиското првенство во финишот остана со играч помалку по исклучувањето на Шар во 90. минута.

Црно-белите треба да освојат уште четири бода во последните четири кола за да го задржат прволигашкиот статус. Арсенал има 49 бода на деветтото место.

 

- Оглас -

Најнови вести