Обамејанг ќе се врати во Англија, само не знае каде – Манчестер јунајтед го бара, тој би сакал да игра за Челзи

Пјер-Емерик Обамејенаг речиси сигурно ќе се врати во Англија и пак ќе игра во Премиер лигата, а има понуди од Манчестер јунајтед и Челзи.

Поконкретни се Црвените ѓаволи од Манчестер, кои бараат од Барса да му дозволи трансфер на Габонецот на „Олд Трафорд“ со понуда од околу 30 милиони евра колку што бараат Каталонците.

Интересно е што Обамејанг постојано истакнува дека кога тој би бирал, би играл за Челзи, екипа која е градски ривал во Лондон на неговиот поранешен тим Арсенал.

Првично Челзи и нудеше 20 милиони евра на Барса за популарниот Ауба, а потоа ја зголеми понудата

Сините од „Стемфорд Бриџ“ се подготвени да дадат 22 милиони евра плус уште пет милиони евра во бонуси за да го врати Пјер-Емерик Обамејанг во Лондон.

Манчестер јунајтед има подобра понуда, а рокот за тансфер е краток, до 1. септември што значи дека во следните 4-5 дена ќе треба се да се реши.

 

- Оглас -

Најнови вести