Пјер-Емерик Обамејанг постигна два гола за Барселона во победата против Валенсија од 4:1 и тоа му се први погодоци за шпанскиот гигант, со кои се приклучи на интересно друштво од уште четворица фудбалери.
Во овој милениум само уште Мичу Бачуаи и Хамес Родригес постигнувале голови во четири од Топ-5 лигите во Европа, а единствен фудбалер во 21 век што има петка, односно ги тресел мрежите во Англија, Шпанија, Италија, Германија и Италија е црногорскиот репрезентативец Стефан Јоветиќ.
https://twitter.com/OptaJose/status/1495425106331553796?s=20&t=f2DxD9I8WAyyBUvVzIp3Xw
На Обамејанг му недостасува погодок во Серија А, а никогаш досега не настапил на меч за италијански клуб, иако од 2008 до 2011 година беше член на Милан.
Не доби шанса за ниту еден настап кај Росонерите, па трипати беше на позајмица во француски клубови, пред да направи трансфер во Сент Етјен.
Во Франција постигнуваше голови за Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен, в Бундеслигата дури 98 пати ја тресеше мрежата на ривалите на Борусија Дортмунд, а беше и капитен на Арсенал во англиската Премиерлига со 68 постигнати погодоци.
Вечерва ја отвори гол-сметката и во Шпанија со првите два гола за Барселона.